Македонија
1. јуни 2020 - 15:06

Боки 13: "Рекет" е театарска претстава

Обвинетиот Бојан Јовановски во својот завршен збор пред судот рече дека "Рекет" е политички прогон и додаде оти очекува чесна и достоинствена пресуда.

Пред судот истакна дека чукнал часот за отворање на пандорината кутија.

Според Јовановски, обвинението на Вилма Русковска било полно со невистини и шпекулации од кое можело да се направат повеќе драмски текстови како "сомнителна обвинителка", "сомнителен сведок" и "ожалостена држава".

Објасни дека Русковска чиј сон бил да биде Катица Јанева се обидувала да докаже тоа што е недокажливо и нешто кое не постои.

Побара и обвинетата Катица Јанева да се охрабри и каже дека е жртва на политиката.

Јовановски покажа и фотографии од торбите кои ги поседувал, велејќи дека чантата која се гледала на фотографијата што ја објави обвинителството не е таа која се гледала на снимките од домот на Камчев.

Јовановски додаде дека жали што Русковска не присуствува на денешното судење бидејќи сакал да и подари марама Луј Витнон.

 

Зоран Јаневски