Боки 13 нуди гаранција од 146 илјади евра за да излезе од притвор
Дуќан во центарот на Скопје и куќа во населбата Тафталиџе во вредност од 146 илјади евра е гаранцијата што ја нуди Бојан Јовановски за да излезе од притвор.
Денеска на јавна седница во Апелациониот суд побара укинување на притворот и поблага мерка за обезбедување.
Пред апелационите судии наведе дека се чуствува нерамноправен што цели 11 месеци минал во притвор.
Уверува дека не би побегнал ако биде ослободен од притвор, бидејќи не се чуствувал виновен за делото кое е обвинет а бегството во овој момент ниту било можно со оглед дека се затворени државните граници.
-Се чуствувам нееднакво со останатите обвинети воопшто оти има и такви со посериозни дела па имаат подобар третман од мене. Мерката притвор не треба да се претвори во казна а тоа се случува со мене, рече Јовановски пред апелационите судии.
Барањето за укинување на притворот доаѓа на две недели пред Кривичниот суд да ја објави пресудата за Рекет каде Јовановски е првообвинет.
За датумот на пресудата се интересираше и Апелациониот судија Јани Нича.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење