Македонија
23. September 2019 - 13:24

Боки 13 не даде исказ, Обвинителството ја завршило истрагата

Првоосомничениот во случајот Рекет Бојан Јовановски не одговарал на прашањата од Вилма Русковска.

Според неговиот бранител, Боки 13 кажал дека нема да се брани со молчење но за време на распитот им било дадено известување дека истрагата завршила.

Според адвокатот Сашо Дуковски тоа не е дозволено и смета дека е преседан.

Вели не може да добијат решение за завршена истрага кога претходно тие немале направено увид во доказите против осомничениот.

Зоран Јаневски