Свет
23. јуни 2021 - 11:26

Боинг ќе исплати 500 милиони долари на семејствата на загинатите во авионски несреќи

Со фонд од 500 милиони долари авиокомпанијата Боинг ќе ги обештети семејствата на 346 лица загинати во несреќите со авионите на Боингот 737 Макс.

Фондот е дел од договорот со Министерството за правда на САД. Во јануари, Боинг се обврза да исплати отштета на семејствата на загинатите во несреќата на Лајонер во 2018 и на Етиопија Ерлајнс во 2019 година.

– Секое семејство ќе добие околу 1,45 милиони долари и ќе ги добие парите веднаш штом ќе бидат поднесени потребните документи, соопшти Боинг.

Фондот е само дел од Договорот на Боинг со американското Министерство за правда што е во висина од 2,5 милијарди. Компанијата Боинг е обвинета за лажно издавање сертификати за безбедност на авиони. Договорот и овозможи на компанијата Боинг да избегне судска постапка, но не и тековни граѓански спорови.