Бизнис
16. May 2018 - 16:22

Богов се повлече - Претседателот Иванов ја кандидира Анита Ангеловска Бежовска за гувернер на НБРМ

Ќе добие ли Централната банка шефица за прв пат во макеоднската историја? Новиот предлог на претседателот Иванов за местото гувернер на НБРМ е Анита Ангеловска Бежовска. Бежовска во моментов е вицегувернер на НБРМ, нејизниот мандат беше продолжен лани во септемврви од страна на мноизниствто на овој пратенички состав. Реизбрана беше со 97 гласа за.

Новиот предлог на претседателот Иванов доаѓа откако сегашниот гувернер Богов со писмо го извести дека се повлекува од кандидатурата за првата позиција во централната банка.

. Имајќи ги предвид реакциите на дел од чинителите на политичкиот живот во Република Македонија, моменталната политичка констелација и роковите за избор на гувернер, во интерес на државата се повлекувам од кандидатурата за гувернер на Народната банка, за што веќе го известив Претседателот на Република Македонија, наведува Богов.

Новиот предлогот на Иванов е веќе доставен до Собрание. Мандатот на Богов истекува на 20 мај, неофицијално седницата за избор на нов гувернер ќе биде закажана на 21 мај.

Во соопштението од Кабинетот на Претседателот се вели дека Анита Ангеловска-Бежоска, која доаѓа од редот на професионалците и раководните структури на Народната банка на Република Македонија е решение за гувернерската позиција, со кое би се продолжил континуитетот на позитивното работење и успешното водење на монетарната политика на Република Македонија.

Освен професионалноста и континуитетот во водењето на монетната политки, изборот на Бежовска ќе биде и историски затоа што таа ќе бидфе првата жена на гувернерската позиција.