Бизнис
18. December 2017 - 20:28

Богов: Оваа година ќе биде една од најслабите на економски план, ако се исполнат одредени услови во 2018 ќе има подобри бројки

Економијата најслаба годинава. Според Народната банка од последните пет години во 2017 македонското стопанство генерирало наслаби резултати. Централана банка останува на првичната проекција, годинава  да се заокружи со раст  на економијата од скромни 0,5 отсто. Инвестициите се во негатива, инвеститорите не се сигурни да се впуштат во нови вложувања, поради што паѓа и кредитирањето на коорпоративниот сектор. Главната причина за ваквата состојба од Народна банка ја гледаат во политичката криза. Подобрување на  состојбата се очекува следната година.

Богов очекува раст на каматите на кредитите во 2019 година.

Во првото тричесечје македонската економија не оствари раст, во второто влезе во минус од 1,8 проценти. Во третиот квартал регистриран е скромен раст на БДП од 0,2 проценти. За владата ваквиот податок влева оптимизам дека економијата излегува од стагнација и очекуваат подобри резултати следниот квартал. Бизнисмените пак се соменвата дека економијата за толку краток период ќе закрепне. Следната година проекцијата за раст е 3,2 проценти.