Македонија
19. January 2019 - 16:09

Богојавление Водици 2019 во Скопје – крстот во Вардар го фати студентот Кристијан

Дваесет и петгодишниот Кристијан Ниневски од Скопје го фати светиот крст што архиепископот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија г.г. Стефан го положи во водите на реката Вардар во Скопје.

Ниневски првпат го фаќа крстот, а веќе шест години учествува на манифестацијата што во Скопје се организира по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици.

Студеното време и оваа година не ги поколеба верниците во голем број да учествуваат и да го следат традиционалниот настан во центарот на Скопје.