Кошарка
8. July 2017 - 15:31

Богдановиќ нов член на Индијана

Хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ ќе го продолжи својот престој во НБА-лигата. Тој следните две сезони ќе настапува за Индијана Пејсерс.
 
Минатата сезона Богдановиќ настапуваше за Вашингтон, но понудата од новиот клуб за годишна плата 10,5 милиони долари беше пресудна тој да ја смени клупската средина.
 
28-годишниот Хрват мината сезона во дресот на Вашингтон оствари просек од 12,7 поени по натпревар.