Македонија
28. September 2016 - 12:28

Богданци ќе ангажира лица од ранливите категории во општинското здружение на пензионерите

Четврта година по ред општина Богданци е дел од програмата „Општинско корисна работа“ во чии што рамки со реализација на проектот „Подадена пријателска рака кон најранливите“ и дава подршка на Владата во спроведувањето на оперативниот план за активни мерки на пазарот на трудот во 2016 година.

-Три лица од ранливите категории на граѓани наредните шест месеци работно ги ангажиравме во општинското здружение на пензионерите и дневниот центар на деца со посебни потреби, информираа денеска од општина Богданци.

Надлежните посочија дека ангажираните работници ќе имаат скратено работно време од 20 часа неделно, ќе добиваат надоместок од 6.200 денари месечно и ќе бидат осигурани од повреда на работно место.

Вработените се ангажирани на позициите помошник негувател на деца со посебни потреби,општ работник за грижа на стари лица и хигиеничар за станбени и деловни простории.