Џет-Сет
25. November 2017 - 10:01

„Бог ме пушти на годишен одмор“

Синан Сакиќ им се обрати на обожавателите преку социјалните мрежи, се нашалил дека Бог го пратил на годишен одмор. 
 
Пејачот после борбата со црниот дроб некое време беше отсутен од јавниот живот, а информациите за неговата здравствена состојба воглавно ја соопштија членовите на неговото семејство. Сакиќ во четвртокот навечер се огласил преку Инстаграм и им се заблогодари на сите кои му пружиле поддршка. 
 
- Бог ме пушти на годишен одмор. Фала, не знам и немам ниту еден збор. Толку дена да се молите за мене, да бидете со мене... Мои фанови, луиѓе кои доаѓаа од Европа, поранешна Југославија и даваа крв, фала на сите, рекол Синан. 
 
Пејачот по инсистирање на семејството ја напушти болницата во Тузла и започна лекување со алтернативна медицина. 
 
- Со тој третман има за цел да се одбегне трансплатацијата на црниот дроб. не можам да гарантирам, но верувам дека ќе направам таков лек, рекол експертот по алтернативната медицина Жарко Трсиќ.