Балкан
30. November 2018 - 9:13

Бодрум под вода: Надојдени реки ги носат автомобилите кон морето

Турското одморалиште Бодрум во југозападниот дел на провинцијата Мугла денеска беше зафатено од  град и поројни дождови. Надојдените води ги нoсeа автомобилите и целосно го поплавија градот. Врнежите почнаа во утринските часови и се засилија попладнeто, претварајќи ги улиците во езера и надојдени реки. Видеата на социјалните медиуми покажуваат надојдени реки кои ги носат автомобилите. На фотографиите се гледат познатите локации во одморалиштето Бодрум, како трговски центар Оаза, речиси непрепознатлив, кон кој жителите се  пробиваат низ длабока вода.