Бизарно но вистинито
23. July 2015 - 15:44

Бодибилдер внесувал по 10.000 калории на ден па починал од рак

Девојката Шарлот Ригби, со која има ќерка, била покрај него во болницата се додека не го испуштил последниот здив. Таа го гушкала надевајќи се на чудо.

Дим Вармби (30) од Велика Британија починал од многу агресивен тумор на црниот дроб кој му бил дијагностициран кон крајот на минатата година.

Бил преголем за операција, па овој поранешен билдер и личен тренер секој ден слабеел. Пред смртта не бил препознатлив, се исушил, а од огромните мускули останала само кожата која висела.

Во текот на животот, додека бил во најдобра форма, дневно јадел голема количина на пици, хамбургери, сендвичи со сланина...

Пиел седум до осум лименки енергетски пијалоци. Дневно во организмот внесувал околу 10.000 калории, што е од прилика пет пати повеќе од она што му е потребно на просечниот маж.

После дијагнозата тој рекол дека обидот за создавање на идеалното мускулесто тело со таквата исхрана е најверојатниот виновник за неговата тешка болест.

Низ што се поминува, сподели многу искрено и на Фејсбук. Откри дека докторите му понудиле да замине на хемотерапија, но веднаш го предупредиле дека тоа нема да биде од корист.

Му давале само три недели живот. Сепак, тој поживеал нешто повеќе.

"Дин сега танцува со ангелите на некое место каде не постојат ограничувања. Знам дека таму го дочекале со раширени раце бидејќи беше прекрасна душа.

Почивај во мир драги. Ти благодарам што ме разбуди. Те сакам", напиша Шарлот на Фејсбук.