Македонија
25. May 2021 - 14:57

Бочварски: Отвораме широка дебата за Законот за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти

Министерството за транспорт и врски соопшти дека ги почна консултацииите со релевантните институции и асоцијации во однос на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти. Министерот Благој Бочварски денеска имаше работна средби со Асоцијацијата на архитекти, а  учествуваше и на дебатата за овој закон што ја организираше Антокорупциската комисија.

Министерството информира дека на средбите се разговараше за измени и дополување на Законот во насока на подобрување на делови од законското решение и ставање во правна рамка на нелегалните објекти пред повторно Законот да се разгледува во Собранието и дека биле понудени дополнителни предлози на законското решение со цел подбрување на условите за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти.

– Како што најавив, веќе ја отворивме стручната дебата околу Законот за утврдување  правен стстус на бесправно изградените објекти. Денеска имавме одлична средба со Асоцијацијата на архитекти, а учествува и на јавната расправа во организација на ДКСК. Се дадоа предлози во насока на подобрување на Законот и во следните денови сите предлози детално ќе ги разгледаме и ќе ги усогласуваме заеднички. Нашата намера е преку оторена дебата со сите заинтересирани страни, ЗЕЛС, граѓански здруженија и асоцијации, пратенички групи, да го подобриме законското решение и да понудиме подобри и фер можности за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти, истакна министерот Бочварски.