Фудбал
1. December 2019 - 8:20

Бобан Николов даде гол во победата на МОЛ Фехервар

Македонскиот репрезентативен фудбалер, Бобан Николов, постигна гол во победата на неговиот тим МОЛ Фехервар на гостувањето кај ДВТК од 3:1.

Николов го постигна третиот гол за гостите, и тоа ја запечати победата, но и привремено го искачи својот тим на чело на табелата во унгарското првенство, бидејќи Ференцварош сега има послаба гол-разлика, но и два меча помалку.

На дуелот со ДВТК целиот меч во дресот на МОЛ Фехервар го одигра и другиот македонски репрезентативец, дефанзивецот Висар Муслиу. За Николов ова е втор гол во последните три меча, откако погоди и во победата на С. Македонија против Израел во квалификациите за ЕП 2020.