Свет
5. April 2018 - 9:08

БМВ, Мерцедес и Тесла најголеми губитници од новите царини на Кина кон САД

Автомобилските компании БМВ, Мерцедес и Тесла се најголеми потенцијални губитници на најавеното воведување повисоки кинески царини на увоз на автомобили од САД, соопштија аналитичарите на истражувачката компанија „Санфорд Ц. Бернстин“.

БМВ годишно од САД во Кина извезува 89.000 возила, Мерцедес испорачува 65.000 возила, а автомобилската компанија Тесла продава околу 14.000 возила, информираа од истражувачката компанија.

Доколку најавените мерки на Пекинг стапат во сила, кинеските царини на увоз на автомобили од САД ќе пораснат на 50, од вообичаените 25 отсто.

Седиштето на БМВ е во Минхен, но е најголем американски извозник на автомобили поради големата испорака на возила од својата фабрика во Јужна Каролина.

Седиштето на Дајмлер Мерцедесе е во Штуттгарт, а Мерцедес произведува во американската сојузна држава Алабама.