Македонија
25. July 2018 - 10:28

БМВ излета од патот кај кичевско Јагол, две лица тешко повредени

Ноќеска околу 01,00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар - Кичево, на почетокот од Новоселскиот мост, Е.А.(53) од село Јагол-кичевско управувајќи патничко моторно возило „БМВ“ со австриски регистерски ознаки, излетал од коловозот.

Возачот и неговата сопатничка Ѓ.А.(40) се здобиле со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во гостиварската општа болница, а потоа биле пренесени на скопските клиники.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на настанот.