Свет
24. April 2018 - 18:43

Блумберг ќе даде 4,5 милиони долари за климатскиот договор наместо САД

 Поранешниот градоначалник на Њујорк, милијардерот и филантроп Мајкл Блумберг вети дека ќе даде 4,5 милиони долари за климатскиот договор. 

Тој дава пари за исполнување на обврските на САД спрема меѓународниот договор за климатски промени, што властите на САД планираат да го напуштат.

- Америка се обврза, а јас како Американец сметам дека сите сносиме одговорност ако Владата не го стори тоа, изјави Блумберг за американската телевизиска мрежа Си Би Ес (CBS).

Тој рече дека може да помогне и дека ќе испрати чек на фондовите, додавајќи дека тие пари треба да се сметаат како да се од американската Влада.

Американскиот претседател Доналд Трамп во јуни минатата година изјави дека САД ќе се повлече од меѓународниот договор за климатски промени постигнат кон крајот на 2015 година во Париз, под покровителство на ОН.

Блумберг (76), кој беше градоначалник на Њујорк од 2002 до 2013 година, претходно изјави дека неговата фондација ќе даде 15 милиони долари на Фондот на ОН за клима, колку што САД треба да дадат.