Македонија
25. November 2016 - 13:54

Блокиран сообраќајот кај патарината на автопатот Тетово-Гостивар

Жители од село Горно Седларце денеска во 13 часот го блокираа сообраќајот на автопатот Тетово-Гостивар, кај наплатна станица-Тетово кон Гостивар.

Учесниците во блокадата бараат да бидат ослободени од плаќање патарина, бидејќи, како што велат, живеат на само 3,5 километри од автопатот, споредниот пат не е асфалтиран, а другиот пат за пристап им е осум километри.

Според првичните најави, блокадата ќе трае половина час.

Автомото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози.