Бизарно но вистинито
15. March 2016 - 13:28

Близначки имаат ист дечко и планираат заедничка бременост

Идентичните близначки Ана и Луси од Перт, заедно поминуваат 24 часа дневно.
 
Тие спијат во ист кревет, користат ист мобилен телефон, ја делат храната, па дури и момчето.
Всушност, 30-годишните сестри се во врска со механичарот Бен и сакаат да имаат дете со него. Но сакаат да бидат бремени во исто време, за нивните тела да изгледаат идентично.
 
- Ако јас забременам ќе мора и Луси. Нашите тела мора да изгледаат исто. Ние ќе се обидеме да успееме во тоа, - изјавила Ана.