Свет
20. January 2021 - 9:31

Блинкен: Бајден планира со Русија да ја продолжи програмата СТАРТ

Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден ќе побара продолжување на новиот договор СТАРТ за стратешко оружје со Русија и ќе одлучи колку долго ќе трае продолжувањето, изјави главниот кандидат за иден државен секретар на САД, Ентони Блинкен.

– Ќе побараме продолжување. Бајден, како претседател, ќе треба да одлучи колку долго ќе трае новиот договор. Постои опција да се побара продолжување за период што е нешто помалку од максималниот рок од пет години, како што е дозволено со сегашниот договор, рече Блинкен.

Пред изборите, претседателот во заминување Доналд Трамп одби да потпише договор со Русија за продолжување на договорот СТАРТ, што истекува на 5 февруари.