„Блиц“: Во избирачкиот список во Србија се запишани 800.000 гласачи повеќе отколку што има полнолетни
Во српскиот избирачки список запишани се 800 илјади гласачи повеќе отколку што Србија има полнолетни жители, пишува белградскиот весник „Блиц“.
Весникот додава дека право на глас на претседателските избори имал и жител кој во јануари ќе наполни 128 години. Меѓу впишаните се и лица кои живеат на непостоечки адреси.
Можност за прочистување на избирачкиот список досега имаа сите влади, но ниту една тоа не го стори тоа, ниту е изразена политичка волја тоа да се направи, додава весникот,
Според податоци на Републичкиот завод за статистика, Србија има 7.186.962 жители, а полнолетни кои може да гласаат се 5,9 милиони. Во избирачкиот список за претседателските избори беа впишани 6,7 милиони гласачи. Според тие податоци, право на глас на овие избори имале 800 илјади гласачи повеќе, наведува „Блиц“.
Ново на Сител
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја