Балкан
22. August 2017 - 8:44

Блиц: Македонските служби ги следеле српските дипломати

Утврдено е дека разузнавачките служби на Македонија ги следеле и незаконски ги обработувале српските дипломати, а во разузнавачкото дејствување биле вклучени и странски сили, објавува денеска српскиот весник „Блиц“.

„Српските дипломати биле следени без каква и да е причина, а врз нив е применувана дури и метода на застрашување. Дел од притисокот кој е вршен бил со одобрение на странци“, тврди неименуван извор за белградскиот весник.

- Веднаш, штом овие сознанија ни беа потврдени, реагиравме со цел да ги заштитиме нашите службеници“, вели изворот на кој се повикува „Блиц“.