Македонија
29. August 2016 - 11:04

„Благодариме“ на завршната церемонија во Рио

На церемонијата на свеченото затворање на Олимписките игри во Рио од организаторите, како дел од сценографијата, на платно прострено низ целиот стадион, на голем број јазици беше изразена благодарност на сите учесници за поддршката на Олимпијадата.

Македонското „благодариме“, меѓу светските thank you, danke, merci, како и gracies, hvala...имаше видна позиција на паното.

На Олимпијадата во РИО, Македонија ја претставуваа шестмина спортисти.