Џет-Сет
5. February 2016 - 11:24

Благајникот на Аркан тврди: Сефот беше полн со богатство, Цеца го има клучот

Павле Стевовиќ (61) поранешен финасиски директор на сите претпријатија на покојниот Жељко Ражнатовиќ Аркан, на 17 август минатата година даде изјави пред судскиот нотар во Нови Сад, во која првпат по 16 години открива дека во сефот во просториите на ФК Обилиќ по убиството на Аркан останале дури 20,9 милиони марки во кеш, како и торба полна со накит, брилијанти и скапоценти часовници.

Во јавноста се протече оваа изјава на Стевовиќ, во која се откриени досега непознати детали за богатството на Аркан. Еве ја неговата изјава во целост:

Јас Павле Стевовиќ, при чиста совест и здрав разум,  свесен сум за должноста да ја зборувам вистината и дека девањето лажен исказ претставува кривично дело. Го познавав покорјниот Жељко Ражнатовиќ, познат во јавноста како Аркан, бев негов близок пријател и деловен соработник. Работев како финансиски директор во сите претпријатија како и во здруженијата на граѓани, кои беа во сопственост на Жељко и тоа: ДОО Византин Трејд Белгра, ДОО Ари Белград, СДГ ДОО Белград, Фондот Трето дете од Белград и ФК Обилиќ, како и задругата Делије во Белград. Основач на Византин трејд и еден од основачите на задругата Делије беше и Светлана Цеца Ражнатовиќ, но само формално, зошто фактички наведеното претпијатие и задругата беа под исклучителна контрола на управителот покојниот Жељко.

Како негов близок соработник и финансиски директор бев запознаен со тековите на парите во сите претпријатија и здруженија кои беа во сопственост и под контрола на покојниот Жељко. Единствено тој и јас бевме овластени потписници кои можеа да располагаат со паричните средства кои се наоѓаа на сметките на наведените претпријатија и здруженија, зошто само нашите потписи беа депонирани кај тогашниот СДК, односно во банките каде се водеа сметките на наведните претпријатија.

Поради тоа често, речиси секојдневно, Жељко беше во ситуација пред мене да мора да го отвори сефот кој се наоѓаше во неговата канцеларија во просториите на ФК Облиќ.

Foto Shutter

Имено, кога требаше да се извршат плаќања, посебно во периодот од 1996 до 2000 година до убиството на Жељко, додека го ѕидаше стадионот на ФК Облиќ, сега покојниот Жељко во мое присуство го отвораше сефот и од него вадеше пари (германски марки) кои мене ми ги даваше да ги сменам во динари, да ги уплатам на сметка и да извршам плаќање преку сметка. Кешот од фудбалерите лично ми е познато дека го држеше во својот сеф, и тој секогаш му беше резерва односно таа готовина од 10 милиони марки не ја фаќаше. Зоради тоа кога беше во ситуација да нема доволно други пари да подмири некои долгови, се позајмуваше од други, без да ги троши парите од резервата.

Околу Новата 2000. година, поточно кратко пред неговата смрт, Жељко доби пари од бугарскиот Литекс на име на продажба на осум играчи, меѓу кои беа и Бабеу, Живковиќ, Савиќ, Литера и други и во таа прилика му беше исплатена првата транша од по 800 илјади марки за секој играч, или за 8 фудбалери доби 6, 4 милиони марки. Овие пари на Жељко му беа исплатена на рака и Жељко ми кажа дека ги примил парите и ми ги покажа во сефот во канцеларијата во ФК Облиќ.

Foto Story

Покрај тоа, околу новата 2000. година за продажбата на фудбалерот Гроздиќ на покојниот Жељко тогаш Жарко Николиќ му донесе уште 4,5 милиони маеки на бензинската пумпа кај Фекетиќ. О овие пари Жељко ги стави во сефот. Во овој сеф тој чуваше и големо количество накит од злато и драгоцени камења, кој тука го премести од вториот сеф кој му беше во куќата на ул. Љутица Богдан, но кгоа почна бомбардирањето, бедејќи неговата куќа беше мета, тој сето злато и скапоцените камења ги спакува во една голема ташна и ги донесе во сефот во канцеларијата во ФК Обилиќ.

Исто така Жељко беше пасиониран љубител на брилијанти и скапоцени часовници и колекцијата од 15-20 часовници како и поголемо количество брилијанти исто така ги чуваше во сефот во ФК Обилиќ. Часовникот кој Жељко секогаш го носеше на рака го купил преку некој каталог. Тоа беше часовник украсен со брилијанти и платен 153 илјади марки. Се работеше за часовник кој се правеше во многу мали серии. Покојниот Жељко со мене го разгледуваше каталогот и ја видов каталошката вредност на споменатиот часовник дека изнесува 153.000 германски марки. Се работеше во часовник кој се правеше во мали серии. Се видов со него на денот на убситвото, зошто се сретнав со него, два часа пред убиството, седев со него во неговата куќа и тој го имаше часовникот на рака, и тогаш ми рече сека со сопругата Светлана ќе оди во „Интерконтинентал“ каде е убиен.

Foto Profimedia

Вкупно имаше 84 слики кои ги купи пред да стапи во брак со Светлана, меѓу кои беа слики од Паја Јовановиќ, Саво Шумановиќ, Пеар Лубарда и други наши сликари, а имаше и една од непроценлива вредност од познатиот сликар Франциско Гоја. Инаку, во печатот видов дека токлму тој часовник Светлана му го поклони на синот Вељко за неговиот 18 роденден. Прескапите слики и сите пари кои ги споменав, заедно со оние 10 милиони амрки кои покојниот Жељко ги чуваше во сефот како и сите пари од продажбата на фудбалерите, како и брилијантите, скапоцените камења, накитот, колекцијата часовници, сето тоа се наоѓаше во неговата канцеларија во сефот во ФК Облиќ, и знам дека тој додека беше жив не располагаше со нив, односно сето тоа остана во сефот на денот на неговото убиство, а тоа го видов и сам, зошто Жељко секојдневно, во мое присуство го отвараше сефот и ми вадеше пари на рака за да извршиме плаѓање за изградбата на стадионот и за други работи.

Покојниот Жељко парите ги вложуваше во уметнички слики и создаде колекција на многу вредни уметнички слики. Сите слики беа оригинал и Жељко ги држеше во куќата, а само мал дел во казиното „Гранд“. Сите овие слики на денот на неговата смрт останаа во куќата, каде бев со Жељко два часа пред неговото убиство, како што изјавив погоре. По пукањето и откако Жељко почина во Ургентниот центар, заедно со останатите дојдовме во неговата куќа и во таа прилика Цеца почна да се распрашува каде се клучевит екои секогаш ги носеше со себе и од кои не се одвојуваше, а на кои беа и клучевите од сефот, а бев во неговата куќа и кога таа вечер неговиот син Михајло од Ургентниот центар ја донесе јакната од покојниот Жељко, и од џебот ги извади клучевите меѓу кои беа и оние од сефовите, како од оној во куќата така и од оној во неговата канцеларија во ФК Облиќ.

Овие клучеви Михајло и ги предаде на Светлана Цеца Ражнатовиќ, и и го нагласи тоа пред сите што бевме во куќата. Потоа од други слушнав дека истата вечер Цеца ја испратила својата сестра да ги смени бравите во канцеларијата на покојниот Жељко во ФК Облиќ, на петтиот кат од зградата, која и го направила тоа, рече Стевовиќ во изјавата.

Foto Aleksandar Jovanović