Loading Video...
Кошарка
10. December 2019 - 16:24

Бјелица со тројка во последната секунда му „пресуди“ на Хјустон

Од деветте одиграни натпревари во НБА лигата ги издвојуваме двата најнеизвесни во кој победникот беше решен со само еден поен разлика. . 

Српскиот кошаркар Немања Бјелица со тројка постигната со звукот на сирената му донесе победа на својот тим Сакраменто на гостувањето кај фаворизираниот Хјустон. 

Бјелица во победија на „Кингси“ со 119-118 постигнати 17 поени, додека на Хјустон не им помогнаа ниту расположените Расел Вестбрук кој имаше учинок од 24 поени и 8 асистенции, како и Џејмс Харден кој покрај 24-те поени имаше и 10 асистенции.

Минимална победа со само еден поен разлика забележа и шампионот Торонто  кој на гостувањето во Чикаго ги совлада „Булси“ со 93-92, меч во кој Паскал Сиакам беше прв стрелец со 22 поени кај победничката екипа, а кај поразената Лавин постигна 20, но не успеа да го реализира последниот напад за победа.