Бизнис
18. July 2018 - 19:39

Бизнсиот бара времено одлагање на законот за спречување на перење на пари

Неопходно е да се одложи примената на Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризмот, апелираат бизнис заедниците. Тие немаат ништо против законот, но потенцираат дека не е во согласност со Директивата за спречување на злоупотреба на финансискиот систем. Законот не дозволува плаќање во готово на износи над 2.000 евра. Тоа значи дека доколку сакате да си купите, на пример, некој апарат за домаќинство, што чини повеќе од тој износ, нема да може да го платите во готово.

Стопанствениците се жалат дека вака структуриран Законот ќе има негативно влијание врз бизнисот во земјава. Многу од компаниите, особено оние микро и мали претпријатија, не можат да ги имплементираат одредбите во целост, а казните предвидени со Законот се движат од 5.000 па дури до 80.000 евра.
Проблематично е тоа што приредувачите на игри на среќа и натаму не се обврзани плаќањата на клиентите да ги вршат преку банкарски сметки, што според Коморите, остава можност за перење пари.

Новиот закон се применува од 7-ми овој месец, а беше донесен по итна постапка. Притоа, македонската верзија се разликува од европската, бидејќи регулативата на ЕУ дозволува плаќања со готовина во вредност до 10.000 евра.