Македонија
21. January 2022 - 17:26

Бизнисот бара намалување на изолацијата, но и грижа за здравјето на работниците

Долгиот период на изолација е еден од аспектите на пандемијата кои осебно негативно влијаат на бизнисот бидејќи го нарушуваат неговиот континуитет и често предизвикуваат потреба од времено запирање на процесите.

- Доколку постои медицинско оправдување за да се направи интервенција во мерките за спречување на ширење на вирусот во земјава, сметаме дека тоа позитивно ќе се одрази на деловната активност во претпријатијата и економијата воопшто. Ние предолго се наоѓаме во период на рестрикции и треба да се размислува за нивно намалување или укинување, изјави за Сител Тања Дејаноска, член на УО на ССК.

Сличен е ставот и на Бизнис конфедерацијата на работодавачи. Од таму потенцираат дека сепак најважна е индивидуалната комуникација помеѓу работодавачот и работникот.

-Треба да бидат во непосредна комуникација, но тоа не значи дека секој еден треба да се приморува да се врати на работа доколку навистина е болен, изјави за Сител Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата на работодавачи.

Од друга страна голем број работници и кај нас и во светот за време на пандемијата поради страв да не го изгубат работното место и со симптоми оделе на работа.

Инаку САД помеѓу првите земји го скрати периодот на изолација за асимптоматските Ковид случаи од 10 на 5 дена, а во Шведка пак лицата кои имаат лесни симптоми на настинка не мора ниту да се тестираат.