Бизнис
17. February 2020 - 16:30

Бизнисмените обвинуваат дека младите со високо образование не сакаат да работат за плата од 500 евра

Не прифакаат работа за  30 илјади денари плата, подобро им е да седат дома. Од бизнсиот секторот се жалат дека  дел од младите со факултет се  без работа затоа што не сакаат  да работат  на  позиција со понска квалификација иако е добро платена.

Од агенцијата за вработвање тврдат   дека стопанството главно бара кадар кои  е искусен и може дирекно да го вклучат во поризводството. Очекваат дека планот за вработување кој е правен во координација со бизнисот ќе им помогне на компаниите да ги најдат  соодветни работници.

Според анкетите над 60 отсто од компаниите се изјасниле дека не можат да најдат кадар за работа. Причина за ваквата состојба  ја гледаат во тоа што дел од  работоспособното население е надвор од државата, а образовниот систем не продуцира нов кадара кои му одговара на бизнис секторот.