Македонија
5. November 2015 - 15:07

Бизнис заедницата од Битола информирана за програмата „Еразмус плус“

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, денес пред бизнис заедницата во Битола ја претстави програмата  „Еразмус плус“.

Компаниите членки на Стопанската комора на Македонија имаа можност да се запознаат со потенцијалите на „Ерзмус плус“ во насока на подобрување на квалитетот на работната сила и нејзината структура, што ќе придонесе за поголема конкурентност на македонските компании и поттикнување на економски раст.

Еден од врвните приоритети на „Еразмус плус“ програмата е создавање на висококвалификувани кадри кои ќе одговорат на современите предизвици на економијата, особено во услови на глобализација. Поведени од позитивното искуство и досега постигнатите резултати, како и со цел да се зголеми вклученоста на бизнис заедницата во програмата „Еразмус плус“ се организраат информативни работилници во Скопје и Битола, во соработка со стопанските комори во Република Македонија, беше посочено на денешната работилница во овој град.

- Компаниите членови на стопанските комори, се запознават со можностите кои ги нуди програмата „Еразмус плус“, а се со цел збогатување и надградба на вештините и компетенциите на кадарот, што е предуслов за поголема конкурентност на пазарот на труд, истакна директорот на Националната агенција за европско образование и мобилност, Дарко Димитров.

Конкурсот за апцилирање за програмите што ги нуди „Еразмус плус“ за чија реализација Европската комисија стави на располагање 4,7 милиони евра е веќе во тек.