Балкан
19. April 2018 - 8:31

Бизнис врските меѓу Србија и Косово се засилуваат и покрај дипломатските тензии

И покрај дипломатските тензии меѓу Србија и Косово, бизнис врските меѓу двете држави се засилуваат, а компании од двете страни се натпреваруваа да склучат зделки на регионален трговски саем, јавија западни медиуми.

Српски компании „изобилуваа“ на четиридневен економски саем во главниот град на Косово, Приштина. Од 174 компании кои беа претставени на Меѓународен економски саем, 70 беа српски, јавуваат запдни медиуми.

Марко Чадеж од Српската трговска комора изјави дека економската соработка меѓу двете држави е „историски успешна“. Трговијата меѓу Косово и Србија достигна 500 милиони евра во 2017 година.