Бизнис
12. November 2020 - 17:58

Бизнис секторот со оценка: Буџетот е преамбициозен

Буџетот за догодина е преамбициозно скроен. Бизнис секторот со став дека и овој пат ништо не се сменило во проектирањето и доминира социјалниот елемент. За Комората на северозападна Македонија посебно е спорна приходната страна на буџетот која е за над 8% поголема од годинава и тоа во услови на тешка економска криза.

Од Сојузот на стопански комори велат дека за да опстанат компаниите во овие услови им треба помош. Таа посебно ќе биде потребна во првиот квартал од 2021 година.

Растот за догодина е проектиран на 4,1%. За да се оствари предвидени се капитални инвестиции од 374 милиони евра или најмногу досега. За Исени, тешко дека тие ќе се рализираат во услови на криза. Арсовска пак смета дека можеби новиот начин на следење на овие проекти ќе помогне за буџетските корисници да се фатат за работа.

Предлог буџетот за идната година денеска симболично влезе и во Собрание. Министерот Бесими лично го достави до спикерот Џафери, од финансии соопштија дека со ова буџетскиот процес годинава почнува пред рокот.