Македонија
3. March 2020 - 11:07

Бизнис конфедерацијата предупреудва на остар пад во индустријата поради коронавирусот

Коронавирусот ќе предизвика остар пад во услужниот сектор, туризмот и индустријата, нарушувања во синџирот на снабдување, ослабена побарувачка за стоки и пад на довербата на потрошувачите, предвидува Бизнис конфедерацијата на Македонија и порачува, Владата, како и сите останати чинители брзо, ефикасно и паметно да делуваат, да ги следат глобалните индекси и да преземаат соодветни економски, социјални и здравствени мерки.

Според Конфедерацијата, посебно неопходна ќе биде поддршката за ранливите домаќинства и фирми. Сериозно треба да се размисли и за оптимизација на трошоците и намалувањето на
фиксните давачки и даноците. Кредитната воздржаност исто така може да помогне да се намали притисокот врз компаниите кои се соочуваат со ненадеен пад на побарувачката.

-Ковид-19 (коронавирус)  се рашири насекаде низ светот без исклучок, треба да бидеме реални и да ни биде јасно дека и Македонија е дел од глобалното социо-економско семјество и дека нема да бидеме
„заобиколени“. Владата, директно вклучените и засегнатите не смеат да си дозволат да чекаат. Економските тимови и советници мора да се советуваат со останатите економии, да ги следат сите индекси и економски показатели. Потсетуваме дека не смее да се потпираме на
поврзаните ефекти. Во овој специфичен момент за нашата држава, предвремени парламентарни
избори во моменти на заканувачка состојба на ширење на вирусот, апелираме за сериозен фокус кон заштитата на граѓаните, грижата за здравјето на сите и ревидирање/проучување на сите мерки за масовна заштита, наведува Конфередерацијата.

Препорачува и владината потрошувачка да биде насочена, пред се, кон здравствениот
сектор, кон поддршка на истражувања.

-Комплементарното дејствување со политиката може барем да го ублажи економскиот и социјалниот резултат. Потребно вклучување на социјалните партнери во дебата за состојбите во економијата и нарушување на состојбите во пазарот на трудот, флексибилност кон вработените, но флексибилност и кон економските оператори. Извесно е дека семејствата и домаќинствта не се сигурни и загрижени.
Фирми во сектори како што се туризам, текстил, електроника за автомобили веќе известуваат за намалување во снабдувањето односно сериозно намалување на побарувачката. Затоа, паралелно со здравјето, приоритет треба да биде да се договорат и дозволат краткорочни работни шеми и да се обезбеди привремена помош кон ранливите домаќинства за да ги намалат загубите на приходите од прекини во работата или евентуални отпуштања од работа, смета Бизнис конфедерацијата на Македонија.