Македонија
27. January 2016 - 8:24

Бизнис делегација од Бугарија во посета на Македонија

Бизнис делегација од Бугарија денеска на средба во Скопје со претставници на Македонско-бугарската стопанска комора ќе разговараат за подобрување на условите за соработка на фирмите од двете држави.
 
- На средбата покрај лобирањето за ЕУ и НАТО ќе стане збор за зголемена соработка во областа на металургијата, инертни материјали, недвижнини и спортот и младите. Членовите на делегацијата со стопанствениците членови на МБСК заеднички ќе ја споделат поддршката за проекти од заедничка меѓугранична соработка, соопшти Македонско-бугарската стопанска комора.
 
Бугарската делегација ја предводи Александар Томов, претседател на Бугарската социјалдемократска партија.