Бизарно но вистинито
13. August 2015 - 11:56

Бизарно: Професор си порасна уво на својата рака

Иако звучи бизарно, сепак професорот Стеларк, предавач на Универзитетот во Перт навистина си порасна увно на раката.

Медицински тим на Стеларк му стави во раката вештачка ушна школка направен од биополимери, а во текот на шест месеци, ткивото и крвните садови се формираа околу школката и во неа.  
 
Професорот вели дека експериментот трае цели 10 години и дека ушната школка делумно е хируршки направена, а делумно изградена од келии.

-Следниот чекор е растење на ушна школка од неговите матични келии, а потоа имам намера во него да вградам микрофон и безжичен модем за да можам да се поврзам на интернет, рече Стеларк.

Тој вели дека нему не му е потребно уште едно уво, зошто неговите две одлично функционираат.

-Ова уво е безжично средство кое ќе служи за ги слушам луѓето подалеку од мене. Така ќе може да се слушнам разговор или концерт каде и да се наоѓам, вели професорот.

Стелрк смета дека човечкото тело е застарено и дека целиот живот го посветил на „бришењето на границите“ меѓу организмот и машината.

Тој вели дека луѓето различно реагирале на неговиот израсток на раката. Имало и згрозени и воодушевени.