Бизарно но вистинито
18. October 2015 - 13:17

Бизарен настан - Крава од небо падна врз автомобил

На југот на Франција се случил бизарен настан, крава паднала од небото врз хаубата на еден автомобил во движење.
 
Според локалниот весник „ Frans Ble Rusijon“, кравата се наоѓала на работ на една карпа и најверојатно ја загубила рамнотежата и паднала на кола која во тој момент минувала во подножјето.
 
Ударот бил силен и жесток, но за среќа возачот на автомобилот останал неповреден.
 
Но, кравата умрела на хаубата од автомобилот.
 
-Кравата падна на мојот автомобил кога излегував свиокот. Само ја видов нејзината глава, потоа следуваше шок. Треба да се знае дека животното е тешко околу 500 килограми. Немав можност да ја избегнам кравата,  изјави возачот на автомобилот.
Падот бил толку силен што кравата со рогот ја пробила хаубата.