Македонија
15. October 2018 - 11:39

Битолчанец со мотор удрил во пешак

Вчера во 12.52 часот на улица „1-ви Мај“ во Битола се случила сообраќајна незгода во која А.В.(30) од Битола, управувајќи мотоцикл „Јијинг“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот М.И.(73) од Битола. Од ударот М.И. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.