Македонија
13. May 2021 - 16:45

Битолчанец на 21-годишна возраст е пронајден мртов во својот дом

Секторот за внатрешни работи-Битола информира дека битолчанец на 21-годишна возраст е пронајден мртов во својот дом.

Станува збор за С. Б. (21 г.) од Битола, кој живеел на улицата „Бранко Радичевиќ“ кај кого екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, соопштија од секторот за односи со јавност на СВР-Битола.