Македонија
2. February 2016 - 13:43

Битолаченец загина во сообраќајна несреќа

Битолчанецот Васко Ѓ. (роден 1978 г.) го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи на крстосницата меѓу улиците „Новачки пат“ и „Индустриска“, на влезот од битолската населба Долно Оризари.

Од СВР-Битола информираа дека сообраќајката се случила синоќа, а денеска била извршена обдукција врз починатиот Васко Ѓ., кој настрадал возејќи го својот мопед.

- Во сообраќајката учествувале тешко моторно возило „Там“ и мопед марка „Хамачи“, и двете со битолски регистерски таблици. Веднаш по сообраќајната несреќа, возачот на мопедот кој се здобил со тешки телесни повреди бил однесен во Клиничка болница-Битола, а таму им подлегнал на повредите, потврди Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.

СВР-Битола и стручни екипи од други надлежни институции во градот вршат истрага за причините за сообраќајната несреќа.