Битиќи: За 2,5 години ја покачивме минималната плата за 5.500 денари, отворени 60.000 нови работни места
На крај на оваа 2019 година, и навршување на 2.5 години владеење на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, редно е уште еднаш да се осврнеме на разликата во владеење и грижа за сите граѓани и проблеми подеднкакво во нашето општстество.
Во само 2.5 години од економија и земја во која што имаше малку изгледи да има перспективи успеавме да се вратиме и постигнеме позитивен и оддржлив тренд на развој. Од економија која што во последниот квартал од владеењето на ВМРО ДМПНЕ продуцираше стагнација од -1.8 посто, стигнавме до раст од 3.6 проценти во трите квартали на 2019. Дали е ова доволно, секако дека не е, но затоа во 2020 не очекува уште многу работа и секако подобра перспектива. Ова не го велиме само ние туку го потврдуваат и нашите меѓунардони партнери.
Овој раст овозможува да се грижими за сите, за само 2.5 години ја зголемивме минималната плата на 14500 денари, или 5500 денари зголемување од срамните 9.000 денари колку што изнесуваше во времето на ВМРО ДПМНЕ.
Сега месечната потрошувачка кошница од 32.000 денари се покрива со 2,3 минимални плати, а пред две и пол години беа потребни 3,5 минимални плати.
Ние за 2.5 години отворивме скоро 60.000 работни места, а ВМРО-ДПМНЕ градеше по стотина споменици и садеше врби во Вардар
Но не е разликата само во бројот на работните места, туку и во висината на платата.
ВМРО-ДПМНЕ им велеше на странските инвеститори дека тука има квалификувана и евтина работна сила. Компаниите земаа финансиска поддршка од владата и на работниците им плаќаа срамни 9.000 денари плата.
Ние им даваме поддршка на инвеститорите, но само ако им понудат најниска плата на работниците, која е за 50% повисока од минималната.
СДСМ го поддржува зголемување на платите до 6.000 денари во приватниот сектор преку субвенционирање на придеонесите, Ги поддржуваме младите од 18-23 кои ќе се вработат во производствени капацитети со дополнителни 3000 денари секој месец.
Покрај зголемувањето на платите во сите сектори, целосно го реазлизираме концептот за враќање на парите кај граѓаните.
Со проектот МојДДВ, кој што дава одлични резултати заклучно со денеска се исплатени 3 милиони евра кај граѓаните. Истата мерка продолжува и ако се следи овој тренд, во 2020 кај граѓаните ќе се вратат 15 милиони евра. Ова е разликата помеѓу прогресивната политика на Социјадемократскиот Сојуз – “пари кај граѓаните” и политиката на ВМРО со нивната политика “пари во Белата Палата и нивните челници”.
Сите граѓани заслужуваат да живеат достоинтвено.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија продолжува со мерките и политиките што обезбедуваат економски раст и повеќе пари кај граѓаните и во 2020 година.
Драги граѓани среќна и исполнета со љубов во новата 2020 година.
На прав пат сме!
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација