Бизнис
19. November 2020 - 16:31

Битиќи: Не е време за полициски час

Уште не е дојдено времето за полициски час. Вицепремиерот Битиќи вели дека Владата засега останува на овој став, но состојбата ќе се следи и ќе с епочитуваат препораките на комисијата за заштита од заразни болести. Според него, евентуален полициски час ќе има негативно влијание на и така кревката економија.

Поддршка за стопанствто ќе има и догодина, вели Битиќи. За поддршка на економските активности со буџетот за идната година планирани се над милијарда и сто милиони евра што е втора најголема ставка.

Сепак, економската криза нема да го забрза процесот на намалување на администацијата, ниту пак влиаје за намаливање на ставките за плати за државните институции. Така, само Собранието догодина ќе има три милиони евра повеќе на располагање, но од Владата не знаат за што ќе се трошат тие.

На расходната страна на буџетот на Собрание стои дека догодина ќе има повеќе пари и за плати и за патни трошоци и за  превиремени врабнотувања како и за машини и опрема.