Македонија
7. August 2015 - 8:18

Биометеото неповолно - Главоболки и болки во колената

 

-Главоболки и болки во колената, грбот и на вратот се симптомите што може да ги почувствуваат метеоропатите денеска, во утринските часови.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), поради променливото време, претпладне кај почувствителните лица можна е појава на општа слабост и чувство на тежина во главата, додека во попладневните часови болките од ревматски карактер и од артритични промени ќе бидат поинтензивни.