Бил Гејтс и натаму на врвот на листата на најбогати луѓе на „Форбс“
Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс одново е на првото место на листата на најбогатите луге во светот на магазинот „Форбс“, откако за една година неговото богатство пораснало од претходните 75 на 86 милијарди долари.
На второто место е американскиот инвеститор Ворен Бафет со богатство што се проценува на 75,6 милијарди долари.
Во однос на минатогодишната листа, Бафет е побогат за 14,6 милијарди, но најголем скок досега забележа третопласираниот на годинешнава ранг листа на „Форбс“, основачот на „Амазаон“, Џеф Безос.
Тој за само една година своето богатство го зголемил од 27,6 на 72,8 милијарди долари, што досега никому не му успеало.
Според ова американско списание, минатата година бројот на најбогатите луѓе во светот е зголемен за 13 отсто, па сега има 2.043 милијардери.
На листата, како 544 е рангиран и актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, со богатство од 3,5 милијарди долари. Во однос на претходната година, Трамп има помалку за нешто над една милијарда долари, што и предизвика пад на листата за 220 места.
Загубената милијарда и далеку пониското рангирање, весникот го објаснува со забавениот раст на американскиот пазар на недвижен имот, но и со свртувањето на Трамп кон политиката, што значи и негово отсуство од Вол Стрит и од пазарот на акции и инвестиции.
„Форбс“ открива дека влегувањето во Белта куќа, сепак, му помогнало на Трамп во Флорида, каде се наоѓа одморалиштето Мар-а-Лаго, чија вредност сега е зголемена за повеќе од 26 милиони, затоа што сопственик е претседател на САД.
На годинешнава листа има 183 милијардери од ИТ секторот, што ја потврдува економската моќ на оваа индустрија.
Во првите десет најголеми милијардери, како пети е рангиран основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, шести е Карлос Слим, а седми е Лери Елисон, коосновачот на „Оракл“.
Кај жените-бизнисменки, и годинава најдобро рангирана е Французинката Лилијан Бетанкур, наследничка на козметичкиот гигант „Лореал“. Нејзиното богатство се проценува на 39,5 милијарди долари.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово