Loading Video...
Балкан
12. February 2019 - 17:06

БиХ распиша награда за информации за фаќање на сериски убиец

Полицијата во Би Х веќе 8 дена трага по повеќекратниот убиец Един Гачиќ, а од утрово  е распишана и награда во износ од 25 000 евра за тој што ќе има информации кои ке доведат до негово апсење.  

На 4 февруари убил сопственик на продавница во градот Коњиц, а 5 дена подоцна и полицаец. Тоа се 3  и четвртата жртва на Гачиќ.

Во ’90-тите тој убил негов соборец од муџахединскиот одред, а кога бил пуштен  од затвор на слободен викенд ја убил и мајка си. Поради тоа до неодамна бил зад решетки.