БиХ: Одложено преместувањето на мигрантите од кампот „Вучјак“
Преместувањето на мигрантите од кампот Вучјак кај Бихаќ, планирано за денеска, е одложено, јавија медиумите во БиХ, повикувајќи се на Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
Засега не е позната точната причина зошто е донесена таа одлука, иако се претпоставува дека надлежните не го подготвиле во целост сместувањето на мигрантите во касарна крај Сараево и проширувањето на објектите во Ушивак недалеку од Сараево.
„Нема да има доброволно преместување на мигрантите од Вучјак утрово. Ако ИОМ направи преместување, тоа ќе се заснова исклучиво на нивната добра волја. Значи, само ако сакаат да бидат привремено сместени во еден од центрите и да им се даде соодветна хуманитарна помош. Оние кои не сакаат, ние треба да ја почитуваме нивната одлука“, рече Едита Селимбеговиќ од ИОМ.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал
-
АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање
-
Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“
-
Сончево и топло, со температури до 37 степени
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати