Балкан
14. July 2020 - 16:48

БиХ ги отвора границите за граѓаните на ЕУ со негативен тест на Ковид-19

Советот на министри на БиХ донесе одлука за отворање на границите за граѓаните на државите од ЕУ со негативен тест за коронавирус, не постар од 48 часа. Одлуката ќе стапи во сила утре.

Одлуката е донесена откако подолг период се расправа дека поради економијата итно е потребно да се отворат граници за странците, односно туристите, со почитување на епидемиолошките мерки и негативен тест, за да не се загрози здравјето на локалното население.

Претходно, на граѓаните на соседните земји, Србија, Хрватска и Црна Гора, им беше дозволено да влезат во БиХ, за што не е потребен негативен тест за новиот коронавирус.