Македонија
11. September 2015 - 20:50

Бигорскиот манастир го одбележа денот на патронот Свети Јован Крстител

Бигорскиот манастир Свети Јован Крстител го одбележува денот посветен ан патронот. По повод 20-годишниот јубилеј од возобновувањето на Монашкото братсво синоќа беше промовиран зборник, а за време на литургијата двајца членови од свештеното братство добија монашки чин.
 
20-годишниот јубилеј од возобновувањето на Монашкото братство во Бигорскиот манастир беше повод воочи патронатот да биде промовиран јубилејниот зборник "Бигорски Манастир -20 години возобновено монаштво". Манастирската обител оддаде признание ордени претеча на заслужни личности кои го помогнале братсвото. 
 
 
На повеќе од 300 страници во Зборникот се опишува монашкиот живот изминативе 20 години во Бигорскиот манастир, за во вториот дел читателите да дознаат повеќе за значењето на овој манастир, неговата инфраструктура, подемите и падовите низ годините.
 
На вечерната богослужба во присуство на голем број верници од цела Македонија, двајца членови од свештеното братство, Анатоли и Нифон, добија монашки чин. Во манастирот сега има 21 монах, а периодов во него има и 7 искушеници.