Бигорски Манастир предупредува: Лажни „чудотворни“ лекови се продаваат под нивно име

Братството на Бигорската свештена обител упати демант и предупредување до јавноста за злоупотреба на името на манастирот за продажба на лажни лекови.
- Се чувствуваме должни јавно да реагираме по повод лажните интернет-страници и спонзорирани објави кои деновиве кружат на социјалните мрежи, а во кои грубо се злоупотребува името и угледот на нашиот манастир, како и на монашкото братство, стои во објавата.
Се додава дека во наведените лажни текстови (како оној за препаратот „BoneControl“), измамници лажно тврдат дека монасите од манастирот наводно „измислиле“ или „произведуваат“ чудотворни лекови и масти за зглобови и коски.
- Сакаме категорично да изјавиме дека Бигорскиот манастир нема никаква поврзаност со овие производи. Ние не произведуваме, не рекламираме и не продаваме ваков вид на медицински препарати. Секоја изјава, интервју или препорака која наводно доаѓа од нашите монаси во врска со овие производи е целосно измислена и лажна. Станува збор за класична интернет измама која има за цел финансиски да профитира преку манипулација со довербата што верниците ја имаат во Црквата, посочуваат од манастирот.
Од обителта упатуваат апел до граѓаните да бидат исклучително внимателни.
- Ве молиме да бидете исклучително внимателни. Не ги купувајте овие производи и не ги оставајте вашите лични податоци (име, адреса, телефон) на овие сомнителни веб-страници. Овие „лекови“ се со непознато потекло и состав, и можат да бидат опасни по вашето здравје. Единствените автентични производи на манастирот може да се најдат исклучиво во манастирската продавница или на нашите официјални канали за комуникација, апелираат од обителта.
Посочуваат дека за оваа злоупотреба ќе бидат известени и надлежните органи за компјутерски криминал.
МИА
Ново на Сител
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Safe City би можел да биде пролонгиран за еден месец – за еден ден регистрирани 110.000 прекршоци
-

Гаши очекува власта и опозицијата да се договорат за една анкетна комисија за Кочани
-

Средба Муцунски - Калас во Брисел
-

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра
-

Уставните судии имаат три опции за линеарното зголемување на пензиите, вели Мицкоски
