Балкан
22. December 2017 - 10:21

Бибер: Виена нема значително да го промни односот кон Балканот

Новата австриска Влада, составена од конзервативната Австриска народна партија (ОВП) и десничарската Партија на слободата на Австрија (ФПО), нема значително да го промени односот на Виена кон Балканот, смета професорот на Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер. 

- Не би очекувал никакви значителни промени. Во програмата на Владата, Балканот се споменува само во една реченица, во која се посочува дека се поддржува проширувањето на Европската унија во согласност на вистински напредок на одредени држави, вели Бибер за белградски „Блиц“. 

Тој смета дека постои мала е веројатноста дека ФПО, чиј кандидат е австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајси, ќе може да влијае на политиката на Министерството за надворешни работи на Австрија.

Себастијан Курц

- Затоа што со прашањата за ЕУ дирекно ќе се занимава канцеларот Себастијан Курц и бидејќи постои јасна посветеност на проевропската политика, не би очекувал поддршка за Репубика Српска или противење за Косово. Меѓутоа, можеме да очекуваме некои чекори кои се помалку насочени кон критикување на (претседателот на Република Српска) Милорад Додик и кои ќе имаат поголема поддршка за позицијата на Србија по прашањето на Косово, но никако целосен пресврт, посочи професорот.

Бибер очекува и новата австриска Влада да се залага за проширувањето на ЕУ, но смета дека тоа не е нејзин приоритет.

- Владата ќе биде посветена на проширувањето, но со многу помал ентузијазам од претходната. Очекувам дека повеќе ќе биде ориентирана кон внатрешните прашања на земјата, што укажува на тоа дека само мал дел од владината програма е поствен на надворешната политика и ЕУ, нагласи австрискиот професор. 

Себастијан Курц и Жан-Клод Јункер

Тој истакна дека, политиката на Западен Балкан не е од голема важност за ФПО, бидејќи таа повеќе се грижи за миграцијата и нејзиниот антируски став.