Свет
17. November 2019 - 20:34

Би Би Си: Британска влада и војска прикривале воени злосторства во Авганистан и Ирак

Владата на Велика Британија и војската прикриле веродостојни докази за воени злосторства извршени од британски војници против цивили во Авганистан и Ирак, покажа истрагата на Би-Би-Си и Сандеј Тајмс.

Во рамките на истражувањето, Би-Би-Си и Сандеј Тајмс зборувале со 11 британски истражители, кои велат дека пронашле кредибилни докази за воени злосторства.

Тие информациисугерираат дека војската била вклучена во убиство на деца и тортурата на цивилите.

Обвиненијата вклучуваат убиства, извршени од војник од елитните САС, како и смрт во притвор, тепање, тортура и сексуален напад.

Од британското Министерство за одбрана велат дека обвинувањата се „лажни“ и дека одлуките на обвинителите и истражителите се „независни“ и вклучуваат „надворешен надзор и правен совет“.

Обвиненијата произлегоа од две истраги за воени злосторства – Тимот за историско гонење во Ирак (ИХАТ) и операцијата Нортмир, која се занимаваше со Авганистан. Обете истраги завршија во 2017 година без никакви гонења.

Владата ја затвори истрагата, откако адвокатот Фил Шајтнер, кој поднесе стотици обвиненија, беше  отстранет од адвокатската пракса по обвинението дека платил луѓе во Ирак за да му најдат клиенти.