Бездомник пронашол 10.000 долари и ги вратил на сопственичката: Не можел ни да замисли како ќе биде награден
Прекрасен гест доаѓа од местото Њу Хевен во сојузната држава Конектикат (САД). Бездомикот Елмер Алварез пронашол чек од 10.000 долари на улица.
Не размислувал ни секунда – веднаш ги вратил парите на сопственикот, односно сопственичката. Се утврдило дека чекот припаѓа на милионерката Роберта Хоски, трговец со земјиште.
Воодушевена од делото на Алварез, Хоски одлучила да го награди со исклучителни награди. Прво го повикала и го пофалила, пренесувајќи сè во живо на Фејсбук.
– Не знаеше кој е сопственик на чекот, не си ни свесен колку големо срце имаш, му рекла Хоски. Потоа му врачила потврда за доброто дело – целосна школска стипендија за училиштето Outreach Property Management, каде таа е директорка.
Му обезбедила и часови по англиски јазик, како и разговор за работа. На крај му открила дека го решила и неговото станбено прашање за наредните шест месеци и дека финансиски ќе му помага додека не застане на нозе.
Видно шокираниот Алварез рекол дека добрината на Роберта го инспирирала за создавање подобра иднина за себе и својата девојка.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка